Тренчевска: Различностите го зајакнуваат нашето демократско општество

Макфакс

02/12/2022

16:00

1.609

Големина на фонт

а а а

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, присуствуваше на националното одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември.

„Ги остваруваме нашите заложби за едно општество за сите, за еднакви права и можности за сите наши граѓани и повторно ја зацврстуваме вредноста на инклузија како наша највисока цел. Со развојот на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост дејствуваме и докажуваме дека различностите не се нешто од што треба да се плашиме, напротив, тоа е нешто што треба да го научиме и да живееме со тоа. Различностите го зајакнуваат нашето демократско општество и треба да обезбедиме еднакви услови и еднакви шанси за сите граѓани ,без исклучок“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека идејата за инклузија за Владата и Министерството за труд и социјална политика е возможна и успешна цел. Министерката посочи дека развојот на човечкиот капитал е клучен патоказ за обезбедување на социјалната сигурност, борба против сиромаштијата, заштита на децата и развој и унапредување на социјалните услуги.



Спонзорирани линкови

Маркетинг