Грковска – Ди Џовани: Констатирана успешна соработка во областа на образовните политики

Макфакс

02/12/2022

15:48

1.510

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во Владата оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани.

Од страна на Ди Џовани беше изразено задоволство од соработката со Кабинетот за политики за добро владеење и благодарност за отвореноста на вицепремиерката Грковска.

Таа го поздрави учеството на сите говорници на состанокот одржан минатиот месец во Владата, на кој се разговараше за подобрување на ефикасноста, ефективноста и правичноста на буџетските расходи за основното образование и констатира дека сите прецизно се држеле до темата на дискусија.

Се отвори и прашањето за тоа како ќе изгледа образовниот систем на глобално ниво во иднината. Беше констатирано дека динамиката со која се движат светот и иновациите неминовно ќе го променат ликот на образованието. Тенденцијата е за поголема вклученост на сите фактори во образованиот систем, поголема отчетност од институциите, како и поголема вклученост од учениците во пријавувањето на потенцијални неправилности.

На средбата беше разговарано за досегашната соработка меѓу двете институции и беше оставена отворена врата за понатамошна соработка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг