(Видео) Најстариот ресторан на светот се наоѓа во Мадрид: Печката непрекинато работи веќе 300 години

Точка

02/12/2022

14:06

11.723

Големина на фонт

а а а

Ресторанот Ботин во Мадрид е основан во 1725 година, а во Гинисовата книга на рекорди е познат како најстариот ресторан на светот.

Авторите на Јутјуб каналот „Great Big Story“ го посетиле ресторанот за да се обидат да откријат некои од неговите тајни на долговечноста. Една од најуникатните карактеристики на ресторанот е неговата печка која непрекинато работи речиси 300 години.

„Тоа е нашиот скапоцен камен во круната“, вели заменик директорот на Ботин, Луис Хавиер Санчез Алварез, кој работи во ресторанот повеќе од 45 години.

„Никогаш не ја гасиме. Ноќе мора да биде врела за наутро да биде подготвена за печење. Тоа е причината зошто не смееме да ја изгасиме. Постои посебна арома во неа, навистина е неверојатна“, објаснил Санчез.

Подеднакво е неверојатно колку Ботин е посветен на одржување на храната која ја служи. Иако Санчез го опишува винскиот подрум како „историја која дише“ на некој начин, храната има за цел да има вкус на историја, при што секој готвач учи од својот претходник, а потоа ги пренесува рецептите на следните генерации.

„Нашите рецепти се многу стари, датираат од времето кога нашите дедовци го основале ресторанот“, додал тој.


„Оттогаш сме верни на тие рецепти“.

Сепак, ресторанот Ботин не целосно „заглавил“ во минатото - има веб-страница и сите потребни профили на социјалните мрежи, пишува магазинот „Food and Wine“.

Исто така, на „TripAdvisor“ луѓето можат да оставаат рецензии како шеговити досетки: „Ех, сум слушнал дека ова место го достигнало својот врв дамнешната 1831 година“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг