Нервозната реакција на Дончиќ најдобро го опишува ужасот на Далас

Дерби

02/12/2022

13:22

7.176

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ игра неверојатно добра кошарка од стартот на новата сезона, но неговиот Далас сепак не изгледа добро како тим и рано утрово го забележа 11-от пораз.

Маверикси ја загубија драмата на гостувањето кај Детроит и претрпеа петтио пораз на последните шест меча, сценарио кое полека почна да предизвикува и фрустрација кај Словенецот.

Дончиќ го заврши мечот со 35 поени и 10 асистенции зад своето име, но тоа беше недоволно за победа и поволен резултат, што прави Далас да падне на 11-то место на Западот.

Лука ретко кога добива значајна поддршка од своите соиграчи оваа сезона, а еден потег на Бертанс направи јасно да ја искаже својата нервоза за невоиграноста.

Додавањето на Летонецот заврши во аут, но најголемо внимание предизвика реакцијата на Дончиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг