Катарската божица на стилот е вистинска сензација на трибините: Во рацете носела чанта која чини вртоглава сума на пари, па сите гледале во неа

Точка

02/12/2022

13:42

11.461

Големина на фонт

а а а

Сопругата на катарскиот шеик и поранешен катарски емир Хамад бин Халифа Ал Тани, Моза бин Насер, не дозволува никој да ја засени со стилот на овогодишниот Мундијал.

Таа од ден на ден бира сè поефектни модни комбинации, а на натпреварот меѓу Катар и Холандија пред неколку денови изгледала како олицетворение на моден сон.

Таа се појавила во облека со розови и виолетови тонови, но прекрасната облека ја засенила „Valentino VSLING“ чантата. Станува збор за розов модел, најреткиот пример којшто во оваа боја не може да се најде на официјалната страница на модниот бренд.

Цената на чантата која се продава во сина, бела, виолетова, металик боја чини од 1.200 (најмалиот модел) до 4.200 евра (модели украсени со светкави детали).

Чантата која ја носела Моза спаѓа во оние најскапите. А, кога ќе ја добиете информацијата дека цена на изнајмување на стан во Белград се движи од 450 до 600 евра, гарсониера во центарот невозможно е да најдете под 300 евра, а малку поголемите станови се движат од 1.000 евра кирија, па цената од 4.200 евра ќе ја поделите (колку што чини една чанта), добивате пресметка дека една таква чанта чини речиси колку 10 просечни месечни кирии во Белград.

Имајќи го предвид богатството на шеиката Моза која спаѓа во групата најимотни кралски семејства на светот, споменатиот износ е ситница.

Моза од трибините го гледала натпреварот Саудиска Арабија – Мексико и одново ја потврдила прекрасната модна репутација која ја има во јавноста.

Што мислите вие?




Спонзорирани линкови

Маркетинг