Добро обрнете внимание бидејќи оваа жена на фотографиите не е славната пејачка: „Не успевам да погодам која е која“

Кармин

02/12/2022

13:32

6.003

Големина на фонт

а а а

Не се случува често да помислиме за некоја личност дека е иста како Џенифер Лопез, а иако многумина сакаат што повеќе да личат на славната дива, само поединечни личности ја имаат токму оваа чест.

Имено, досега Кони Пејн и Џенис Гареј станаа познати токму благодарение на таа сличност со Лопез, но ниедна од нив не личи толку на неа како шминкерката Ив од Њујорк.

Токму како и пејачката, и Ив има долга светлокафеава коса, а иако со шминка знае да постигне да личи на Џеј Ло, многумина забележале дека изгледа како латино дивата и кога на себе нема ни грам шминка.

„Жената е клон на Џенифер Лопез“, „Ова е лудо, мислев дека ја гледам Џеј Ло како се шминка“, „Изгледаш како неа и без шминка“, „Вие две мора да сте во сродство“, „Ме убиваш, не успевам да погодам која е која“, „Ова не е нормално, би можела да работиш како нејзина двојничка“, се само некои од коментарите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk