Се појави видео кое го открива вистинскиот агол: Милиметри ја оставија Германија без осминафинале

Дерби

02/12/2022

12:50

2.951

Големина на фонт

а а а

Голем дел од фудбалските фанови ја видоа топката надвор од теренот во акцијата која заврши со втор гол на Јапонија во мрежата на Шпанија, па додека сите очекуваа погодокот да биде поништен, долгата проверка во ВАР донесе изненадувачка одлука.

По анализирањето кое траеше повеќе од една минута, судиите во ВАР проценија дека топката не ги напуштила границите на теренот со целиот обем, а после многу контроверзии и објавени фотографии кои даваат поинаков агол, се појави и видео кое покажува дека топката останала во теренот за неколку милиметри.

Иако долниот дел од топката е надвор од теренот, обемот од десната страна на истата се задржува неколку милиметри на линијата, што прави овој гол да биде регуларен.

На крајот испаѓа дека милиметри ја однесоа Јапонија во осминафиналето на Светското првенство, односно на Германија и пресудија милиметри за да се спакува и да се врати дома.

Вториот гол на Јапонија беше клучен за победата од 2:1 над Шпанија, триумф со кој азијците завршија како први во групата и сега ќе играат против Хрватска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг