Оваа држава ќе казнува вонбрачен секс: Која казна ги чека жителите ако го прекршат новото правило

Точка

02/12/2022

12:33

3.833

Големина на фонт

а а а

Властите потврдиле дека се очекува усвојување на нов кривичен закон во индонезискиот парламент, кој ќе санкционира вонбрачен секс, со казна до една година затвор.

Законодавната реформа исто така ќе забрани навредување на претседателот или државните институции – и за тоа се предвидува казна од најмалку три години затвор – како изразување на било какви ставови кои се спротивни на индонезиската државна идеологија.

Како што пишува „Guardian“, ќе биде забранета и кохабитација пред брак.

Се очекува дека новиот, подготвуван со децении, кривичен закон ќе биде усвоен на 15-ти декември, потврдил за „Reuters“ заменик министерот за правда на Индонезија Едвард Омар Шариф Хиариеј.


„Горди сме што имаме кривичен закон кој е во склад со индонезиските вредности“, рекол Јуариеј за „Reuters“.

Пратеникот вклучен во нацртот изјавил дека новиот кодекс би можел да биде усвоен веќе следната недела.

Претходниот нацрт кодекс требало да биде усвоен 2019-та година, но предизвикал протести ширум земјата.


Десетина илјади луѓе демонстрирале во тоа време против низа закони, посебно против оние кои ги ограничуваат граѓанските слободи.

Критичарите велат дека од тогаш се направени минимални промени во кодексот, иако владата последните месеци водела јавни консултации ширум земјата за да пружи информации за промените кои следат.

Некои измени кои се направени вклучуваат одредба која би можела да дозволи смртната казна да се замени со доживотна робија по 10 години добро однесување.


Криминализацијата на абортусот, со исклучок жртвите на силување, и затворските казни за црна магија, ќе останат во законот.

Индонезија има стотина потписи на локално ниво кои ги дискриминираат жените, верските малцинства и ЛБГТ+ лицата.

Промените на кодексот би биле огромна препрека за индонезиската демократија, рекол Андреас Харсоно од „HRW“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг