Богаташи продаваат вили, офицери ги селат семејствата! Дали на овој полуостров се подготвува војна?

Точка

02/12/2022

10:31

9.710

Големина на фонт

а а а

Ситуацијата на полуостровот Крим наводно е сè потензично, а за тоа сведочи руското население кое се повеќе верува дека војната на оваа руска, анектирана територија, е неизбежна.

Ситуацијата на полуостровот Крим е сè потензично. За тоа сведочи локалното руско население кое верува дека војната е неизбежна, пишува „Politico“, пренесува „Mondo.rs“. Според тврдењата на мештаните, диверзантски и партизански групи веќе се собираат и вооружуваат. Еден лекар кој работи во болница на Крим открил за порталот дека нема место за цивилното население поради пополнетоста на капацитетите поради руските ранети војници кои секојдневно пристигнуваат во голем број од фронтот во Украина.

Една мештанка открила дека руските богаташи кои имаат викендички и вили на Крим се обидуваат да се ослободат од нив на брзина, но дека засега тоа не им оди од рака. Тамила Ташева, претставничка на украинскиот претседател Володимир Зеленски на полуостровот Крим, навела дека се големи шансите Украина да ја врати контролата над оваа територија.


„Да, секако дека е можно да го вратиме Крим. Нашата цел е враќање на целата наша територија, што го вклучува и Крим“, рекла таа.

Истакнала дека повеќе би сакала Крим да се врати на мирен, дипломатски начин, но дека воениот начин сепак би можел да биде единствено решение. Открила дека луѓето почнале да се здружуваат во антивоени партизански одреди.

„Ситуацијата сега е многу поинаква во однос на 2014-та година. Многу комуницираме со луѓето на Крим и тие се многу лути поради високите цени на храната и недостигот на лекови. Дојде и до раст на антивоени протести, посебно од почетокот на делумната мобилизација“, додава таа.


Окупаторите стануваат колаборатори

Еден работник во IT индустријата навел дека Русите кои живеат на Крим се многу нервозни бидејќи се свесни дека Русија ја губи војната. Тие наводно бараат проукраински симпатизери поради страв од саботажа. Многу офицери, според зборовите на IT експертот, ги селат своите семејства во Русија поради страв од воен судир кој би можел наскоро да се случи.

„Поради санкциите многу луѓе се останати без работа, цените на се, посебно храната, скокнаа до небото, а нема ни многу избор. Ако претходно сте заработувале 1.000 долари месечно, сега ви се потребни околу 3.000 долари за да бидете каде што сте биле, а како ќе го направите тоа кога туристичката индустрија е мртва“, додава тој.

Еден банкар истакнал дека се формираат се повеќе партизански ќелии. Рекол дека имаат договор со локалниот шеф на полицијата кој е свесен дека на Русија не ѝ оди како што сака во војната.




Спонзорирани линкови

Маркетинг