Постојано чувствувате дека немате енергија? Исхраната со овие намирници може да го промени тоа

Точка

02/12/2022

09:51

9.260

Големина на фонт

а а а

Некои намирници можат да направат да се чувствуваме летаргично, додека други нѝ даваат дополнителна енергија.

Исто така е важно да се напомене дека покрај храната, постојат многу фактори кои влијаат на нивото на енергијата, а тоа се сонот, вежбањето, па дури и колку често јадеме.

„Најдобриот извор на енергија е храната со долготрајни јаглехидрати и протеини за стабилно ниво на шеќер во крвта и хранливи состојки кои играат важна улога во производството на енергија“, наведуваат експертите за исхрана.

Еве неколку намирници кои ќе ви обезбедат енергија за цел ден:

Леќа

Леќата има многу здравствени предности, а давањето енергија е една од нив. Богата е со влакна и јаглехидрати кои ќе ве одржат сити и ќе ви дадат долготрајна енергија.


Зелен зеленчук

Руколата, брокулата и блитвата имаат низа здравствени придобивки, а една неодамнешна студија го поврзува ваквиот зеленчук со помал ризик од кардиоваскуларни болести и зголемување на силата на мускулите. Исто така се богати со пребиотици. Оваа храна го промовира производството на постбиотици кои буквално поттикнуваат производство на енергија во нашите митохондрии.

Грчки јогурт

Грчкиот јогурт содржи добра количина на јаглехидрати и витамини од групата Б кои помагаат храната која ја јадеме, да ја претвориме во употреблива енергија.


Цвекло

Цвеклото има единствена предност во однос на многу други намирници бидејќи има висока содржина на нитрати. Нитратите помагаат во ширењето на крвните садови поради зголемен проток на крвта, а со самото тоа и поголеми количини на кислород и хранливи материи во нашите ткива.



Спонзорирани линкови

Маркетинг