Приватните превозници со 200 автобуси ја блокираат Илинденска

Точка

02/12/2022

07:39

5.031

Големина на фонт

а а а

Со блокадата на десната страна од булеварот „Илинден“ со автобуси, приватните превозници на „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ и денеска го изразуваат своето незадоволство поради неисплатениот долг од страна на ЈСП „Скопје“.

Превозниците велат дека бројката на автобуси ќе биде многу поголема од понеделникот, кога беше блокирана крстосницата кај Мавровка. Овој протест беше еднодневен и заврши поради тридневната посета на германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер.

–Ова е најава од приватните превозници дека можеби уште повеќе ќе се засилат и радикализираат протестите. Нервозата расте, загрижени се, ги пратат изјавите и состојбата е многу напната, затоа апелираме до сите институции, дури и државните, да се вклучат како медијатори во решавање на овој проблем, со цел оваа ситуација да не ескалира, апелираше директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Од Град Скопје вчера соопштија дека го прекинуваат договорот со приватните превозници од „Слобода превоз“ поради неисполнување на обврски што произлегуваат од договорот. Од Градот апелираа до превозниците да ја ревидираат одлуката за блокада на Скопје, бидејќи, како што велат, со тоа нема да постигнат решение за проблемот.

Најавено е дека блокадата може да продолжи и во текот на викендот доколку не се слушнат барањата на приватните превозници, а доколку не се постигне договор, од понеделник ќе има целосна сообраќајна блокада на крстосницата кај „Мавровка“, „Црвен Крст“ и улицата „Илинденска“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг