Дмитриј Рогозин: „Ќе го окупираме, нема да го ослободиме Киев. Го ослободуваме Донбас. Сè друго ќе земеме, како Виена, Берлин и Будимпешта!“

Точка

01/12/2022

20:34

4.293

Големина на фонт

а а а

Димитриј Рогозин, поранешниот прв човек на „Роскосмос“, а сега без никаков политички ангажман, неодамна се вратил од Донбас, каде бил во првите борбени линии.

Тој гостувал во емисијата на Владимир Соловиев, кој на Запад го нарекуваат главен пропагандист на Путин, иако е објективно далеку од тоа, и повторно предизвика скандал со својата изјава, која ја презедоа украинските медиуми, полската, но и белоруската опозиција.

„Кога велиме денацификација, што мислиме? Дали сте горди на фактот што дневно убиваа 300 или 1000 украински регрути? Ова е борба, ова е војна. Всушност, никој повеќе не се грижи еден за друг. Барем Доњецк, Луганск нема да поштедат никого. Тие се крајно сериозни. И вака ќе оди докрај. Како ќе заврши сето ова? Навистина сум длабоко убеден дека ќе го окупираме Киев, а нема да го ослободиме. Го ослободуваме Донбас. Ќе преземеме сè друго, како што ги зедовме Виена, Берлин, Будимпешта. Затоа што физички не можеме да им го оставиме на нашите деца, нашите внуци. Ако престанеме, тогаш на нашите западни граници ќе имаме колосален потенцијал испумпан со омраза и оружје, што го доведува во прашање самиот факт на нашето постоење. Значи, или ние или тие.

И јас мислев дека идејата за руско-украинска војна е луда. Се смеев и им велев на пријателите кои зборуваа за тоа дека се идиоти. Сега можам да кажам дека ако веќе сме се приклучиле на оваа борба, мора да одиме докрај. Значи, зборувам за Киев, каде што некогаш живеев, уште кога бев прво одделение, добро го познавам овој град. Мојата сопруга и јас отидовме таму на меден месец кога имавме 19 години. Го сакам овој град, но ќе го земам“, му рекол Рогозин на Соловиев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг