Колач којшто нашите баби го правеле за секој пост: Брз десерт со портокал кој ќе ги разбуди сите ваши сетила

Точка

01/12/2022

21:03

14.615

Големина на фонт

а а а

Доколку постите, а сакате да се засладите тогаш направете си го овој превкусен рецепт и ќе уживате со сите сетила.

Многумина мислат дека во текот на постот тешко е да се пронајде десерт којшто смее да се јаде, но доколку малку повеќе побарате, интернетот е преполн со разни рецепти за посни десерти кои ќе ве воодушеват.

Доколку повеќе ги сакате оние кои доаѓаат директно од бабината кујна и се постари од 50 години тогаш овој рецепт дефинитивно ќе ви се допадне.

Сè што ви е потребно е малку време и следните состојки:

- 200 грама шеќер;
- 100 милилитри масло за јадење;
- 1 ванилин шеќер;
- 350 милилитри сок од портокал;
- 100 грама кокос;
- 300 грама брашно;
- 1 прашок за печиво;


За прелив:

- 300 милилитри сок од портокал;
- 5 лажици шеќер;
- 3-4 лажици џем за премачкување.

Подготовка:

Шеќерот, ванилиниот шеќер и маслото за јадење изматете ги со жица. Додадете го сокот од портокал, кокосот (одвојте 2 лажици, останатото ставете го во смесата), додадете го брашното и прашокот за печиво. После секое додавање малку матете ја смесата.

Тепсија со димензии 30х22 сантиметри премачкајте ја со маргарин и додадете ја смесата. Печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 30 минути.

Сокот и шеќерот сварете ги додека не испари 1/3 од сокот, околу 7-8 минути.

Кога колачот и преливот ќе се изладат ставете го преливот над колачот. Премачкајте го колачот со џем и додадете ги останатите 2 лажици кокос. Исто така, доколку сте обожаватели на чоколадо, додадете посно чоколадо над колачот.

Пријатно јадење!




Спонзорирани линкови

Маркетинг