Пијалак кој го пиеме речиси секој ден, а содржи шеќер колку 3 крофни: Сите мислите дека е здрав, а ги таложи мастите на стомакот

Точка

01/12/2022

19:35

16.962

Големина на фонт

а а а

Веројатно и вас ви се случило да внесувате намирници за кои сметате дека се здрави, а килограмите само се зголемуваат.

Не само што никако не успевате да ги намалите вишокот килограми, туку вие се дебелеете. Време е да се вклучи алармот и да се запрашате што правите како што не треба.

Избегнувате леб, слатки, калорични сосови, единствено што себеси си дозволувате е да се напиете џус, а зошто и не би пиеле кога тој е природен, здрав и преполн со витамин Ц?


Нутриционистите тврдат дека тоа е клучната грешка која ја правите. Пијалакот кој многумина го сметаат за еликсир на здравјето всушност е преполн со шеќери. Количината џус од околу 340 милилитри има 33 грама шеќер, што е околу иста количина како што содржат три големи крофни.

Најголемиот проблем е тоа што шеќерите кои се наоѓаат во сокот се прости шеќери кои се поврзуваат со мастите на стомакот. Исто така експертите предупредуваат дека преголемото внесување фруктоза може да влијае на нарушување на метаболизмот.

Затоа препорака е во умерени количини да јадете овошје затоа што тоа содржи растителни влакна за разлика од соковите. Цеденото овошје од нив ги исфрла растителните влакна, а останува само шеќерот. 


„Во соковите нема важни растителни влакна и доведуваат до нагли зголемувања и падови на шеќерот во крвта“, тврди нутриционистката Марија Бела.




Спонзорирани линкови

Маркетинг