(Фото) Наместо во Катар, фудбалерот ужива на плажа, пие и пуши цигари: Сите велат дека сопругата не ја пушта ни метар подалеку од себе

Кармин

01/12/2022

15:03

16.292

Големина на фонт

а а а

Наместо во Катар, Марко Верати деновите ги поминува во Мајами на плажа, каде ужива во цигарите додека ја гледа сопругата Џесика како се капе.

Актуелниот шампион на Европа во фудбал - Италија, годинава не присуствува на Светското фудбалско првенство во Катар, а причината е тоа што не се пласираше.


Поради тоа, еден од нивните најдобри фудбалери, Марко Верати, наместо во Катар, со сопругата заминал во Мајами.


Сосема опуштен, со цигара во уста и пијачка на масата, Марко има само една цел: да ги следи на плажа движењата на својата атрактивна сопруга Џесика.


Џесика уживала во морето, но секогаш кога влегувала во вода, Марко внимателно ја гледал, како и случајните минувачи кои ја гледале.


Инаку, летово Марко и неговата сопруга можевме да ги видиме на Миконос додека фудбалерот очајнички се обидуваше да го заштити нејзиното згодно тело од погледите на минувачите.


За потсетување, Џесика и Марко на својата венчавка поканиле стотина најблиски луѓе, а наместо венчаница, невестата избрала чипкаст бел костум, кој одлично ѝ прилегал. Дизајнот го потпишува познатата модна куќа Dolce & Gabbana, додека цената на свадбеното одело е околу 4.000 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk