Шармантниот актер за кој со години се шпекулираше дека е наредниот Џејмс Бонд, среќно е заљубен во жена со нереална убавина.
Британскиот актер Идрис Елба синоќа бил еден од оние кои присуствувале на доделувањето на наградите „Footwear News Achivment“, каде друштво му правела сопругата Сабрина Даур Елба.
Актерот носел црно одело кое било извонредна мешавина од класичен и модерен крој, а неговата избраничка се појавила во кафеав ролка-фустан со долги ракави.
Станува збор за макси креација која ја истакнува нејзината беспрекорна фигура, а Сабрина како и во секоја прилика, сите ги восхитила со својата убaвина.
Сомалиско-канадската убавица и Идрис се засакале во 2017 година, а актерот во една прилика раскажал како сè започнало, онака како како што Сабрина го хипнотизира светот, така го восхитила и него.
„На единствениот слободен ден излегов надвор. Беше недeла навечер. Отидов на забава и таму беше таа, во прашање е забава со име Slow Jam Sunday. Ја здогледав и ме маѓепса. Останатото е историја“, изјавил Идрис во интервју за „Vogue“ пред неколку години.
Парот се верил наредната година, а се венчале во Маракеш во април 2019 година. Инаку, Елба низ годините важи за еден од најпосакуваните мажи во Холивуд, а неговиот талент и атрактивност се фактори поради кои многумина го прогласуваат за наредниот и вистински Афроамериканец Бонд.
Сепак, тој неодамна конечно демантираше дека ќе го наследи Даниел Крејг во улога на тајниот агент 007 – Џејмс Бонд.
„Немам мислење за тоа кој би требало да го наследи Бонд. Мислам дека поставката би можела да биде одлична и се радувам на неа, кој и да ја изнесе. Но, кога ќе се погледнам во огледало, не го гледам Џејмс Бонд“, истакнал во интервју за „The Wall Street Journal“ Елба.