Меган Маркл за првпат го покажа лицето на синот Арчи по 3 години: Го криеше од јавноста, а се зборува дека тоа го направила од бизарна причина

Кармин

01/12/2022

13:04

6.964

Големина на фонт

а а а

На Твитер е објавена фотографија на која по долго време се гледа лицето на Арчи, синот на Меган Маркл и принцот Хари.

Момчето кое следната година ќе наполни 4 години, стана ѕвезда на социјалните мрежи, а фановите на кралското семејство се воодушевени од фактот што конечно можат да видат како изгледа Арчи.

Меган на еден повик на „Zoom“ се појавила заедно со синот, а на социјалните мрежи е објавена фотографија од видеото.


Семејството разговарало со Џотака Иди, извршна директорка на консултантска компанија за социјално влијание „Full Circle Strategies“, пишува „The Sun“. Наводно во повикот учествувале и американската политичка активистка Дона Бразил и професорката по американски студии, Дачес Харис.


Многумина ги изненади фактот што Маркл без никаков повод одлучила да го покаже лицето на својот син, кој го криеше од јавноста во последните 3 години, а се зборува дека со ваквиот потег сакала да го одвлече вниманието на јавноста од принцезата Кејт и принцот Вилијам кои вчера пристигнаа во САД.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk