(Видео) Само неколку часа по раѓањето, ова бебе ги збунило сите: „Тој ќе биде нешто посебно“

Кармин

30/11/2022

12:06

21.160

Големина на фонт

а а а

Мускулите на новороденчињата се слаби, па затоа треба внимателно да се придржува нивната глава и врат.

Меѓутоа, едно мало момченце родено на Хаваи, само неколку часа по раѓањето започнало самостојно да ја држи главата исправена, а изненадените родители ја снимиле ваквата ситуација и го објавиле видеото на ТикТок.

„Мојот син „стар“ 9 часа самостојно ја држи главата. Ова е неверојатно“, објаснила неговата мајка која има уште 3 други деца.

Се слуша и таткото кој се смее и го прашува љубопитното дете: „Колку години имаш ти?“.

Видеото воодушеви многумина и собра илјада прегледи.

„И јас имам 4 деца, никогаш не сум го видела ова“, „Навистина е неверојатно дека сам ја држи главата исправена“, „Ова првпат го гледам“, „Тој ќе биде нешто посебно“, се само некои од коментарите под снимката која стана хит на социјалните мрежи.

Во овој случај многумина се сомневаат дека станува збор за зголемен мускулен тонус или хипертонус, кој може да ја зафати мускулатурата на целото тело. Бебињата со хипертонус, родителите често ги опишуваат како цврсти, но од друга страна потешко ги усвојуваат рамнотежните реакции, па често паѓаат или се креваат на прсти.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk