Со години ја напаѓаат поради 25 години постариот сопруг, а таа го споредува со брендирана чанта: „Скапо ќе ја платите, а потоа повеќе не ви се допаѓа“

Кармин

29/11/2022

12:35

14.878

Големина на фонт

а а а

53-годишната Кетрин Зета Џоунс, која овие денови ја гледаме во серијата „Wednesday“ во која го толкува ликот на Мортиша Адамс, се осврнала на подемите и падовите во бракот со 78-годишниот Мајкл Даглас за кој се венчаше во 2000 година.

Актерката го споредила својот сопруг со брендирана чанта.

Џоунс и Даглас се родени на ист ден, 25-ти септември, во период од 25 години. Парот во 2013 година на кратко се раздели по борбата на Мајкл со ракот на јазик и дијагнозата која Кетрин ја добила - биполарно нарушување. Парот се смири во 2014 година, а актерката за британскиот „Telegraph“ се осврнала на тој период.


„Невозможно е да пројде без подеми и падови ако живеете со истата личност и се будите со неа секој ден. Се будам покрај Мајкл речиси 25 години. Сакам што сум во брак, но кога ќе размислите за тоа, тоа е луда работа“, вели Зета Џоунс, па сопругот го споредила со моден додаток.


„Дали ќе се венчаш со мене? Секако! Но, потоа за тоа размислувате како за чанта на „Chanel“ на која сте потрошиле цело богатство, а всушност повеќе не ви се допаѓа, па ја нудите на продажба“, вели актерката.


И покрај турбулентниот однос, Кетрин вели дека всушност бракот им функционира многу добро, меѓусебно се почитуваат и никогаш не почувствувала дека тој е 25 години постар од неа.

„Се сеќавам кога луѓето ми зборуваа дека кога ќе имам 50 години, тој ќе има 75, но тоа е само математика“, вели славната актерка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk