Поради 26 години помладата љубовница се развел за 65 секунди: Како Мистер Бин за кратко време успеа да го навлече гневот на својата ќерка?

Кармин

28/11/2022

15:04

10.711

Големина на фонт

а а а

Познатиот актер Роуан Аткинсон, сите го знаеме по улогата на легендарниот Мистер Бин чиј лик нè насмеа безброј пати и тоа без зборови.

Но, и покрај тоа што со својата глума ја засмејуваше целата планета, приватниот живот на актерот изобилува со тешки ситуации.

Аткинсон повеќе од 25 години беше во брак со Сунетра Састри со која има 2 деца. Меѓутоа, долгогодишниот брак беше прекинат како никогаш да не ни постоел.


Роуан запознал 26 години помлада колешка која го освоила, а станува збор за Луиз Форд. Двајцата ги споила комедијата „Quartermaine’s Terms“ од 2012 година, додека новинарите успеале да ги забележат нивните средби во Лондон.

Скандалот кулминираше кога во 2014 година актерот соопшти дека се разведува. За нештата да бидат уште поинтересни, разводот според шпекулациите траел само 65 секунди и бил потврден на основа на „неразумното однесување“ на актерот.


Ќерката Лили била погодена од фактот дека нејзиниот татко ја оставил нејзината мајка и тоа поради друга жена. Таа тешко ја прифатила целата ситуација, а лутината кон татко ѝ резултирала со преземање на мајчиното презиме, Састри.

Лили е вистинска слика и прилика на својот татко и го наследила неговиот талент. И покрај тоа што се истакнува во јавноста, оствари и запазени улоги. Првата улога ја добила уште како девојче, а потоа покрај татко ѝ играше во комедиите „Mr. Bean's Holiday“ и „Johnny English Reborn“.


Аткинсон со 26 години помладата Форд доби ќерка во 2017 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk