Популарниот руски астролог тврди дека најмногу среќа во 2023 година ќе имаат луѓето родени во овие 3 хороскопски знаци

Кармин

28/11/2022

14:46

15.594

Големина на фонт

а а а

Популарниот руски астролог Павел Глоба своите предвидувања првпат ги објавил на почетокот на 80-тите години на минатиот век.

Околу 85 отсто од неговите предвидувања се исполниле и тој важи за еден од астролозите којшто речиси никогаш не греши.

Овојпат Павел открил на кои знаци од хороскопот 2023 година ќе им донесе благосостојба, љубов и пари. Според неговите зборови, на три знаци од хороскопот ќе им се исполни сè што ќе зацртаат.

Близнаци

На Близнаците им се насмевнува среќата во 2023 година. Ќе имаат големи и долгорочни цели, но апсолутно сè лесно ќе постигнат. Ќе остварат сè што замислиле и тоа многу лесно ќе се одрази на нивната финансиска ситуација. Драги Близнаци, доколку веќе долго имате идеи и планови, наредната година ќе биде идеална за да ги засукате ракавите и да тргнете во нивна реализација. Искористете го периодот во којшто ѕвездите ви се наклонети.


Рак

Раковите ќе почувствуваат значајна промена во својот живот. Конечно среќата е на нивна страна што ќе докаже и резултатот којшто ќе го остварат без многу труд и вложување. Тоа ќе вклучи и парични добивки, напредување на работа, скапи подароци, па дури и игри на среќа. Раковите исто така ќе бидат исполнети и на љубовен план во кој ќе има многу романтика.

Шкорпија

Доколку некој заслужува финансиски напредок, тоа дефинитивно се Шкорпиите. За разлика од Раковите, Шкорпиите овој напредок ќе го добијат благодарение на напорната работа и трудот. Паричните добивки пристигнуваат кога најмалку се надевате, а во текот на 2023 година ќе може да очекувате напредување или понуда за нова, многу подобра платена позиција. Вечен совет за Шкорпиите е да не влегуваат во непланирани и непотребни трошоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk