Кина утре ќе го лансира леталото „Shenzhou-15“ кон својата вселенска станица

Точка

28/11/2022

11:56

24.599

Големина на фонт

а а а

Кина ќе го лансира своето летало „Shenzhou-15“ кон својата вселенска станица на 29-ти ноември во 23 часот (15.08 GMT), објавила Кинеската вселенска агенција во понеделникот, а според планот, тоа е последната мисија со која ќе ја комплетира поставата во орбиталната станица.

Екипажот ја сочинуваат тројца астронаути: Феи Јунлонг, Денг Кингминг и Жанг Лу, навела агенцијата на прес-конференција. Вселенската станица во рок од една недела ќе им ја предадат тројцата астронаути кои пристигнале на почетокот на јуни.

„Во текот на престојот на екипажот на Shenzhou-15 ќе го дочека вселенскиот товарен брод „Tianzhou-6“ и ќе го предаде вселенскиот брод со екипажот на „Shenzhou-16“, а планираат да се вратат на кинеското место на слетување Донгфенг во мај следната година“, рекол Ји Киминг, портпарол во агенцијата.


„Моментално комбинацијата на вселенската станица е во стабилен статус со својата опрема која добро функционира и подготвена е за состанок и примопредавање на екипажот“, додал Ји. Во април 2021-ва година Кина почнала со изградба на вселенската станица со три модули на лансирање на модулот Тианхе, главен станбен простор за астронаути.

Во јули и ноември во работа се пуштени преостанатите два лабораториски модули Вентиан и Менгиан, во кои ќе се изведуваат научни експерименти.

Завршувањето на вселенската станица, проектирано за рок од најмалку 10 години, ќе биде пресвртница во кинеските амбиции во ниската орбита околу земјата, а застарената станица на НАСА потенцијално би престанала со работа до крајот на деценијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг