Колач којшто мириса на топлина во домот и на безгрижно детство – ќе го сакате во секоја прилика.
Сите ние сакавме медењаци кога бевме мали, а и денес сакаме да се почестиме со овој десерт. Рецептот за меден колач ќе ве врати со вкусот во детството и светот на медените колачиња, иако воопшто во себе не содржи мед.
- 2 шолји брашно;
- 2 шолји шеќер;
- 2 шолји вода;
- 1 лажица масло за јадење;
- 1 ќесичка сода бикарбона;
- 1 лажица цимет;
- 5 лажици џем од кајсија.
За прелив:
- 150 грама чоколадо за готвење;
- 4 лажици масло за јадење;
- 3 лажици џем од кајсија.
Во сад ставете го брашното, шеќерот, содата бикарбона и циметот. Во посебен сад помешајте џем, масло за јадење и вода. Потоа соединете ги сите состојки и излијте ја смесата во плех со средна величина. Печете ја смесата на 200 степени Целзиусови.
Кога колачот ќе биде печен оставете го на собна температура да се излади, а потоа премачкајте го со џем од кајсии. Откако ќе го стопите чоколадото на масло за јадење, прелијте го над колачот.
Пријатно јадење!