Се шпекулираше дека неговото неверство е причина за разделбата: Мелинда Гејтс открива која е причината поради која дошло до најскапиот развод во историјата

Кармин

06/10/2022

13:38

5.059

Големина на фонт

а а а

Кога основачот на „Microsoft“ Бил Гејтс, соопшти дека се разведува од сопругата Мелинда по 27 години брак, сите беа изненадени.

На јавноста ја интересираше која била причината што довела до најскапиот развод во историјата, а некогашниот пар не ги открил деталите.


„По многу размислување и голема работа на нашата врска, донесовме одлука да го завршиме бракот. Во овие 27 години израснавме три прекрасни деца и основавме фондација која ширум светот им помага на луѓето да живеат подобро. И натаму веруваме во таа мисија и ќе продолжиме да работиме заедно, но не веруваме дека можеме да се развиваме како пар во наредните фази од нашите животи. Молиме за малку простор, приватност и разбирање за нашето семејство во моментите додека се обидуваме да запловиме низ овој нов живот“, гласеше официјалното соопштение на Бил Гејтс, а се шпекулираше дека причината за крајот на бракот било негово неверство.

Мелинда Гејтс во ново интервју за магазинот „Fortune“ зборувала за својата одлука да излезе од брачната заедница.

„Имав одредени причини поради кои едноставно повеќе не можев да останам во тој брак. Но, чудна работа во врска со Ковидот е тоа што ми обезбеди приватност да правам што треба. Тоа е неверојатно болно, на безброј начини, но можев далеку од очите на јавноста да поминам преку тоа“, изјавила Мелинда на која работата ѝ помогнала да го преброди тешкиот животен период.


„Продолжив да работам со лица со кои се „разминав“ и морав да се појавам и да бидам најдобра секој ден. Значи, иако можеби плачев во девет часот наутро, морав да бидам на видео-конференција во десет часот со лицето од кое се разведувам, морав да се појавам и да бидам најдобра“, раскажала и истакнала дека главната задача била да ги заштити нивните три деца – Џенифер, Рори и Фиби. Го спомнала и неверството на Бил, односно дека тоа не влијаело на одлуката за развод.

„Не се случи некоја конкретна работа. Дојде едноставно до момент кога сфатив дека тоа не е здраво и не можев да верувам во тоа што го имаме“, изјавила таа. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk