Американската актерка Хилари Свонк објави дека очекува близнаци со својот сопруг Филип Шнајдер.
48-годишната оскаровка ја открила веста за бременоста во текот на гостувањето во емисијата „Good Morning America“ во средата.
„Толку сум среќна што сега можам да споделам со вас и со Америка, ова е нешто што долго време го сакам, а следната работа за мене е што ќе бидам мајка“, им рекла Хилари на водителите на емисијата.
Откако добила аплауз, таа додала: „Ќе бидам мајка, и не само на едно туку на две деца. Не можам да верувам“.
Актерката од филмот „Million Dollar Baby“ исто така ја споделила својата среќа што конечно може да ја соопшти веста, велејќи: „Толку е убаво што конечно можам да зборувам за тоа и да го споделам истото“.
Исто така на својот Инстаграм профил објавила видео во кое го покажува трудничкиот стомак со зборовите: „Доаѓа наскоро... Двојно издание!“.
Свонк инаку се венчаше со бизнисменот Шнајдер во 2018 година, по помалку од 2 години врска.
Актерката освои Оскари за улогите во филмовите „Boys Don't Cry“ и „Million Dollar Baby“.