Ентериер инспириран од кралицата на шаренилото: Стан кој ќе ги воодушеви оние кои ја сакаат есента

Кармин

05/10/2022

18:47

4.724

Големина на фонт

а а а

Есента секогаш нè маѓепсува со своите богати, волшебни бои, а убавината на природата нè чести со сцени кои нè оставаат без здив.

Мора да признаеме, ниту едно годишно време нема таква восхитувачка палета на бои како што има есента.


И, тоа се богати, темни нијанси на црвена, кафеава, портокалова, жолта боја кои лесно можат да се вклопат во ентериерот.

Токму таков ентериер инспириран од есента пронајдовме во домот којшто ќе ги воодушеви сите кои го сакаат ова шармантно годишно време.


Во просторот на овој еклектично уреден стан преовладуваат темните бои, а есенска удобност му даваат деталите како што се тепихот со мотиви налик на лисја во дневната соба, но и прекрасно украсените перничиња.


Црниот ѕид со темносивата гарнитура исто така не е премногу затоа што големите стаклени прозорци обезбедуваат доволно дневна светлина за просторот да не изгледа премногу темно.


Ви се допаѓа ли?




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk