Го препознавате ли момчето на фотографијата? Денес важи за една од најголемите ѕвезди во регионов

Точка

01/10/2022

14:00

13.649

Големина на фонт

а а а

Бројни остварени музички ѕвезди уште од мали нозе го покажувале својот талент или пак одредена склоност кон музиката и одредени инструменти. Така е и со еден од денес најпопуларните пејачи во регионот.

Пејачот којшто се прославил со бројни хитови и важи за миленик меѓу припадничките на женскиот пол, како 4-годишник бил најдобар хармоникаш меѓу своите врсници.

Прикажано е видео од 1977 година, а гледајќи го малото момче со бујна коса и способни прсти, многумина не успеале да препознаат за кого станува збор.

.

.

.

.

.

.

Имено, тоа е Жељко Јоксимовиќ.

Во прилогот којшто се наоѓа и на Јутјуб се споменува дека станува збор за момче од Ваљево чија баба „со посебно писмо“ замолила нејзиниот внук единец да го снимаат за телевизија.


Инаку, Жељко од мали нозе свирел хармоника, а во добата од 12 години освоил прва награда „Прва хармоника на Европа“ на престижен музички фестивал во Париз. Денес е еден од ретките музичари кој свири повеќе од 14 инструменти.

Освен што е успешен пејач, Жељко исто така е и посветен сопруг и татко.


Од 2012 година е во складен брак со водителката Јелена со која има три деца, близначките Ана и Срна и синот Коста. Јоксимовиќ исто така има и ќерка Мина од бракот со својата прва сопруга Весна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг