(ФОТО) Први октомври - Меѓународен ден на кафето! Точка открива: Какво кафе пијат дел од нашите јавни личности?

Точка

01/10/2022

23:49

11.435

Големина на фонт

а а а

Дали знаевте дека 1 октомври е Меѓународен ден на кафето? А, дали после оваа информација утринското кафе што го испивте денеска ви стана уште послатко?

Пишува: Цеце Николова

Прашавме дел од македонските јавни личности какво кафе пијат, дали имаат некаков ритуал за време на консумирањето на омилениот пијалок. Дознавме и кој им го прави најубавото кафе и како го подготвува. Некои од нив најубавото кафе го испиле на интересно место во светот.

Прочитајте ги деталите во продолжение, додека го пиете вашето омилено кафе.

Игор Џамбазов

„И повеќе од ритуал. Првото мора да биде турско. Оти само тоа кафе навистина ме буди. Сите други кафиња во денот се НЕС кафе Класик, пола лажиче, попарено со вода, без шеќер, евентуално маџун како засладувач“.


„Не паметам ниедно кафе пиење освен она првото со Илина, на нашиот неофицијален прв “дејт“, во Негорските бањи, во паркот на едни трупци престорени во столчиња. Беше онакво “кофи ту гоу“, кое подоцна прерасна во палачинки, палачинките во ручек, ручекот во гушка...ете, затоа го памтам тоа кафе...“.

Александра Јанева

„Најмногу сакам турско кафе, горко, без шеќер. Всушност горкото кафе за мене е слатко. Го пијам многу густо и јако, во превод останува талог до половина филџан. :)

Скоро секогаш го пијам наутро, затоа што сум створила некое верување дека без него не можам вистински да се расонам. Но, некогаш се случува и да го пропуштам утринското кафе поради обврски и немам некоја кофеинска криза“.


„Нема повкусно кафе од она што ќе ти го направи саканиот/та, барем за мене. Тогаш чувството дури го пиеш кафето ти е најпријатно и уживаш во секоја голтка.

Од останати кафиња што ми оставиле впечаток ќе го издвојам кафето со млеко од бадеми од Mikel coffee shop“.

Јана Бурческа

„Кафето ми е најважно да е топло. Без разлика дали е зима или лето, секогаш претпочитам топло кафе. Ритуалот ми е прилично едноставен - за добро кафе ми треба раат, а доколку не го испијам во мир, исто како воопшто да не сум пиела“. 


„Кафеџика сум и каде и да одам пробувам кафе, па така летово се вљубив во едно кафуле во Мастрихт Alley Cat Bikes and Coffee и тоа кафе би го издвоила како омилено... до следното омилено“.

Нора Шакири

„Пијам строго турско горко кафе со малку ладна во него, велат дека Босанците пијат такво кафе“.


„Највкусното и најскапо кафе го пиев во Париз на монмартр. Последните пари ги дадов, ама сѐ уште ме држи таа убавина“.

Александра Шијакоска

„Зависи од сезоната, во пролет пијам ирско капучино, во лето пијам ладно нескафе, во есен турско кафе, а во зима какао. Пред операцијата омилено кафе за секоја сезона ми беше еспресо. Сега морам да пијам или бескофеинско или некое ‘кафе во обид’“.

„Највкусно ми е турското кафе од татко ми. Или било кое кафе кое тој ќе го подготви“.

Бени Шакири

„Кафеџија сум ептен. Штом се разбудам, го загревам кафематот дома и си правам кратко еспресо као да отворам очи, иако баш не верувам у тој феномен дека одма ќе те освести кафе, но битно ми е да се напијам кратко едно одма чим станам!


Ако ова можеме да го наречеме ритуал, инаку немам Бог знае каков ритуал по прашање на кафето. Мерак голем, но без многу помпа. Стануеш си правиш кафе и уживаш во првото кратко еспресо“.

Марија Ајкју

„Кафето најчесто, да не речам секогаш го пијам надвор од домот од проста причина што јас не можам да го направам и немам машина за speciality coffee, а тоа е моето омилено кафе“.


„Највкусното кафе - капучино го имам пробано во New York, баш во еден кафе локал во зградата каде што бевме сместени, се вика Daily Provision. Иако не ми делуваше дека ќе го понуди најдоброто кафе на светот гледано однадвор, сепак дадов шанса и не се покајав. :)

Ете, доколку некој некогаш отиде таму, топла препорака од мене да го посети локалот. Исто така и доручек сендвичите им се одлични. А дефинитивно најдоброто место во Скопје каде што секогаш одам да пијам кафе е The Dude Speciality Coffee“.

Александра Трпеска

„Најглавниот ритуал ми е прво кафе, па може да започне денот. Наутро пијам дупло еспресо, во домашна атмосфера, но омилен момент ми е кога пијам кафе надвор, со пријателите, најчесто фредо еспресо или cold brew. Љубител сум на ладно кафе“.


„Обожавам кога некој друг ми прави добро кафе, па затоа морам да го пофалам мојот комшија Дади, кој е мајстор за фредо капучино“.

Сара Мејс

„Првото турско. Наутро, на гладно. Јако, горко, големо и задолжително. Второто после ручек. Нес, нематено, само кафе и млеко (без вода), мало и пак задолжително“.


„Зет ми Алек (на золва ми сопругот) го прави најубавото кафе. Завчера го пиев кај нив на гости. Става некое млеко од ванила, некакви монини, цимет и што ти јас знам“.

Стефан Лазаров

„Нескафе е најредовен избор, бидејќи не сум човек што многу практикува да пие кафе. Па, заедно со млеко ми е најлесно и најубаво за пиење. Кога сум на ригорозни диети, еспресо ми е единствен избор. Така што, овие две кафиња ми се единствени кои ги пијам редовно“.


„Нескафето од Марта ми е најубаво. Искрен да бидам, супер го прави, а би сакал така да си продолжи“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг