Група Кубанци протестирале во петокот навечер на улиците на Хавана веќе втора ноќ, осудувајќи го доцнењето во целосното обновување на снабдувањето со електрична енергија, три дена откако ураганот Иан довел до прекин на струјата ширум островот.
Новинарите на "AP" виделе луѓе како демонстрираат на најмалку пет места во градот или неговата периферија, вклучувајќи ги населбите Барерас и Ла Галјега, каде жителите ги блокирале улиците со запалени гуми и ѓубре.
Демонстрантите на авенијата Вила Бланка извикувале "сакаме светло" додека удирале со лажици во лонци. Полицијата го блокирала пристапот до улицата, но судири немало.
What a sight #Cuba #freedom ????? pic.twitter.com/jvWlOoQvw5
— ???é ????????? ? (@AimeDespaigne) October 1, 2022
Кубанскиот интернет не е во функција по втор пат во два дена, а се шпекулира дека тоа не е поврзано со проблемите по бурата, туку е обид да се спречи ширење на информации за демонстрациите, нагласува американската новинска агенција.
Струјата во некои делови на земјата била обновена во средата, откако ден претходно во земјата беснеел ураганот, но други области останале без неа, вклучувајќи ја престолнината.
La policia del régimen cubano está retrocediendo ante el avance del pueblo al grito de libertad. Esto está ocurriendo en estos momentos en La Habana, tras el segundo día de protestas. No los dejemos solos, todos por una Cuba libre. pic.twitter.com/HFgGYBOJbK
— Agustín Antonetti (@agusantonetti) October 1, 2022
Владата не соопштила колкав процент од населението останал без струја во петокот, но достапна е информацијата дека само 10 проценти од 2 милиони жители на Хавана имале струја во четвртокот навечер.
Експертите рекле дека целосното снемување на струја ја покажува ранливоста на кубанската електроенергетска мрежа и предупредиле дека за решавање на проблемот ќе биде потребно време.