Легендарниот шпански голман Икер Касилјас и пејачката Шакира се главна тема во шпанските медиуми.
Неколку сериозни медиуми објавија дека легендата на Реал Мадрид и Колумбијката која неодамна раскина со фудбалерот Жерар Пике, се во врска.
Шакира и шпанскиот репрезентативец Пике потврдија дека се разделуваат на 4-ти јуни 2022 година, по 12 години врска. Оттогаш и двајцата се обидуваат да постигнат договор околу условите за старателството над децата, но засега без успех.
Икер Касилјас се разведе од новинарката Сара Карбонеро во март 2021 година, а гласините за блиската врска со Шакира се појавија и пред Пике да ѝ биде партнер на славната пејачка.
Сепак, шпанскиот голман остро ги демантирал ваквите информации, објавувајќи неколку фотографии на Инстаграм од вестите кои се појавиле за наводната врска со Шакира.
Икер додал и навредлив израз на шпански со што ја покажал својата огорченост по повод ваквите гласини, наведува „Marca“.
Икер Касилјас и Сара Карбонеро имаат 2 деца и беа 5 години во брак. Шакира и Жерар Пике не беа законски венчани, но исто така имаат 2 деца.
Гласините за наводната врска на Касилјас и Шакира се уште почудни ако земеме предвид дека пред само еден месец Икер беше поврзуван со Марија Хосе Камачо.