На Ферстапен му се заканува одземање на титулата?

Макфакс

01/10/2022

09:37

19.309

Големина на фонт

а а а

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) ќе покрене истрага против тимот на Ред Бул. Како што откриваат италијанските медиуми, оваа екипа ја надминала границата во буџетот за минатата сезона.

„Сезоната 2021 беше одбележана со воведување на буџетски рестрикции. Трошоците не би можеле да надминат вкупно 147,4 милиони долари (околу 130 милиони евра во 2021 година), при што платите на возачите и комерцијалните операции не се дел од таа граница. Секој вишок од помалку од пет милиони долари ФИА го смета за помал прекршок, но Ред Бул, наводно, значително го надминал дозволениот минус“, пишува „Газета дело спорт“.

Тие известуваат дека постојат различни можности доколку ФИА утврди постоење на прекршок. Казните би можеле да бидат поврзани со одземање поени на возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен и да го попречат во трката за титулата. Тие можат да одлучат да го казнат тимот и да му одземат бодови на најдобриот конструктор тим.

Холанѓанецот минатата година ја освои титулата, а годинава е прв во генералниот поредок пред возачот на Ферари, Шарл Леклер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг