14-годишно девојче починало поради негативното влијание на социјалните мрежи: Следела насилни содржини, прегледала дури 2.100 фотографии од самоубиства

Точка

01/10/2022

09:43

3.518

Големина на фонт

а а а

Моли Расел (14) починала како последица на самоповредување во 2017 година, проследена со депресија и синдром на „негативен ефект на интернет содржини“, се наведува во официјалниот постмортем извештај, пишува „The Guardian“.

Ендрју Вокер, кој е задолжен за случајот на трагично починатото девојче, заклучил дека тинејџерката од Лондон била изложена на голема количина на деструктивна содржина на социјалните мрежи, еден месец пред смртта.

Моли две недели пред смртта најмногу користела Инстаграм и Пинтерест. И двете компании учествувале во истрагата и приложиле докази дека пред ноември 2017 година, кога таа починала, следела насилни и експлицитни содржини.


Во заклучокот се наведува дека Моли починала како последица на „самоповредување, потежок облик на депресија и негативно влијание на социјалните мрежи“.

Таткото на девојчето, Ијан Расел (59) изјавил дека приказната на Моли не е единствена и дека постојат уште многу тинејџери кои се соочуваат со проблемите на неговата ќерка.

„Сакам да кажам, колку и да е лошо во моментот, секогаш постои надеж. Ако имате проблем или се борите со себе, ве молам разговарајте со некој на кој му верувате. Постојат организации кои можат да ви пружат поддршка и помош. Направете сè за да живеете што подолго“, додал таткото.


Моли прегледала над 16.000 објави на Инстаграм во последните 6 месеци од животот, од кои 2.100 биле поврзани со самоубиство, самоповредување и депресија. Истрагата утврдила дека на Пинтерест прегледала околу 469 објави со слична тематика.

Директорот на „NSPCC“, организација за заштита на децата, Питер Ванлес, изјавил дека ваквиот случај би морал да биде шокантен за Сицилиумската долина.

„Технолошките компании мора да бидат одговорни бидејќи безбедноста на децата е на прво место, а на второ финансиските и комерцијалните одлуки. Овој трагичен случај е предупредување поради децата ширум светот“, изјавил Ванлес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг