3 хороскопски знаци кои не поднесуваат критики: Кога ќе им укажете на грешка, веднаш се навредуваат

Кармин

30/09/2022

18:30

6.338

Големина на фонт

а а а

Постојат луѓе кои ги прифаќаат конструктивните критики и ги користат за да се подобрат себеси и за наредниот пат да не ја повторат истата грешка.

Меѓутоа, постојат и такви луѓе кои не поднесуваат критики и секогаш на нив гледаат како на напад.

Според зборовите на астрoлозите, луѓето кои се родени во овие три хороскопски знаци не трпат критики.

1. Лав

Лавовите се убедени дека во сè се најдобри и дека никогаш не можат да згрешат или да направат нешто лошо. Токму поради тоа и не поднесуваат критики и најчесто ги доживуваат како напад. Не гледаат во нив совети или насоки кои можат да им помогнат, туку ги толкуваат како некој да им завидува. Нивното его е преголемо за да ги уважи критиките и во нив да препознае нешто добро.

2. Рак


Раковите секогаш се трудат да ги направат среќни луѓето околу себе, па поради тоа секоја критика ги погодува. Кога некој ќе им упати критика тоа им е тешко затоа што чувствуваат дека не биле доволно добри. Тогаш одлично се повлекуваат во себе и избегнуваат било каква комуникација додека не размислат добро за ситуацијата.

3. Вага

Вагите не сакаат некој да ги критикува и веднаш стануваат дефанзивни. Многу им е тешко кога мора да ги прифатат критиките, а особено доколку се упатени на директен начин. Вагите се толерантни, љубезни, и не сакаат да ги критикуваат другите, па сакаат луѓето околу нив да ги третираат на ист начин. Доколку баш мора да им упатите критика, направето го тоа на најљубезниот можен начин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk