(Видео) Ситуацијата кажува повеќе од илјада зборови: Пике и Шакира првпат заедно во јавност по разводот

Точка

30/09/2022

22:09

17.700

Големина на фонт

а а а

Познатиот пар неодамна се разведе, а сега првпат биле фотографирани заедно на натпревар во којшто игра нивниот син.

Популарната пејачка Шакира и нејзиниот поранешен сопруг Жерар Пике се разведоа пред околу шест месеци, по дванаесет години брак и две заеднички деца.

Нивната врска заврши со причина поради тоа што Пике започнал врска со друга жена, по што пејачката одлучила дека е најдобро секој да продолжи по својот пат во животот.

И, додека Шакира минувала низ многу тешки животни моменти, Пике веќе уживал во новата љубов со девојката по име Клара со која се гледал и додека бил во брак со пејачката.

Иако разводот не им паднал лесно, често во јавноста зборувале дека ќе направат сè што е во нивна моќ за нивните деца полесно да ја поднесат настанатата ситуација.

Минатиот викенд нивниот најстар син Милан Пике имал бејзбол натпревар, на којшто присуствувале Пике и Шакира.

Како што наведуваат сведоците на натпреварот, некогашните сопружници не разговарале, па дури не се ни погледнале.

Пике не бил во друштво на својата нова девојка Клара, туку натпреварот го гледал со своите родители – дедото и бабата на Милан.

И двајцата биле добро расположени, а се согласиле да се фотографираат со фановите кои им приоѓале во текот на цел натпревар.

Разменување нежности меѓу Пике и неговата нова девојка:




Спонзорирани линкови

Маркетинг