Шведската диета е многу ригорозна и не смее да се држи повеќе од 13 дена.
Популарната шведска диета е една од најригорозните диети, но и една од оние кои даваат најдобри резултати.
Таа се појавила во скандинавските земји за да се намали стапката на гојазност. На нашите простори е позната како 13-дневна диета.
Со неа не е невозможно да намалите 5, 10, па дури и 20 килограми за само 13 дена. Сепак, со оглед на тоа што е многу рестриктивна, не смее да живеете по тие правила повеќе од 13 дена, а сите кои ќе одлучат да го направат тоа потребно е да побараат совет од доктор или нутриционист.
- Месо, пилешко месо, риба, мисиркино месо и школки;
- Јајца;
- Полномасни млечни производи – јогурт, путер, кисело млеко и сирење;
- Јаткасти плодови – ореви, бадеми, семки од сончоглед, семки од тиква, лешници и индиски ореви;
- Зеленчук како што е: зелка, карфиол, печурки, краставици, лук, пиперка, домат, брокула, тиквички, маслинки, спанаќ, зелена салата и авокадо;
- Житарици како што се овес и 'рж;
- Растителни масла.
Со оглед на тоа што имаат негативно влијание на процесот на слабеење, постои ограничување некои намирници да не се консумираат повеќе од два пати неделно:
- Чоколадо;
- Моркови, целер, цвекло;
- Овошје;
- Алкохолни пијалаци.
- Немасно млеко;
- Рафинирани масла;
- Слатки;
- Леб, тестенини, ориз, компир.