(Фото) Каније Вест на „профилна“ на Инстаграм ја стави поранешната тешта: „Порнографијата ми го уништи семејството“

Кармин

29/09/2022

19:22

6.443

Големина на фонт

а а а

Каније Вест тврди дека сака да запре со провокации кон семејството Кардашијан-Џенер, но после последниот потег – официјално никој не му верува.

Каније Вест на профилната фотографија на Инстаграм ја ставил поранешната тешта, Крис Џенер, која преку Ким Кардашијан го замолила да престане да зборува за неа, бидејќи има 67 години и со тоа исклучително ја вознемирува.


Поточно, раперот упатил коментар на сметка на Крис Џенер, велејќи: „Холивуд е голем бордел. Порнографијата ми го уништи семејството“.

Со тоа алудирал на Крис Џенер, која, за да го прослави семејството и да се збогати, немала проблем во јавноста да сподели интимно видео од нејзината ќерка Ким Кардашијан, со што ја направи ѕвезда.


Меѓутоа, Каније Вест и после молбата од Крис Џенер да престане да ја провоцира, јасно ѝ ставил до знаење дека нема да ѝ удоволи.

„Океј, ајде да го смениме пристапот“, напишал Каније на Инстаграм и ставил профилна слика од поранешната свекрва.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk