Германските безбедносни агенции стравуваат дека системот Северен тек ќе стане трајно неупотреблив по големата катастрофа на гасоводот во Балтичкото Море.
Повикувајќи се на неименувани извори во германската влада, берлинскиот весник „Тагес шпигел“ објави дека ако истекувањето од две линии на гасоводот „Северен тек 1“ не се санираат брзо, големи количини солена вода може да навлезат во гасоводите и да предизвикаат корозија, објави „Ројтерс“.