Гутереш: Иран да се воздржи од употреба на сила врз демонстрантите

Макфакс

28/09/2022

14:15

1.004

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш го повика Иран да се воздржи од употреба на „непотребна и непропорционална сила“ против демонстрантите, кои протестираат поради смртта на младата жена по приведувањето, соопшти денеска неговиот портпарол Стефан Дижарик.

Гутереш смета дека иранските власти треба брзо да спроведат непристрасна истрага за смртта на Маша Амини (22), која беше уапсена поради неправилно носење хиџаб, по што падна во кома и почина на 16 септември.

Протестите за нејзината смрт се проширија од 17 септември во најмалку 46 градови и села во Иран, при што загинаа најмалку 41 човек, а околу 900 беа повредени во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг