Исхраната на Меган Маркл: Денот го започнува со „виолетово злато“, а го завршува со јадење кое е забрането во британскиот дворец

Кармин

28/09/2022

14:24

10.060

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл наводно е голем гурман, а своевремено ги открила и своите омилени рецепти, уште пред да се венча за принцот Хари.

Меган Маркл во една прилика се опишала себеси како некој не само што ја сака туку и ја цени уметноста и вештините на подготовката на добра храна.

Често се воделе бројни полемики околу планот на исхрана на Меган Маркл, а познато е дека поради неа се кршеле и некои правила, па така таа јадела тестенини кои се забранети на британскиот кралски двор.


Меган никогаш не го прескокнува појадокот, а нејзиниот совршен почеток на денот е кога ќе се напие асаи смути коешто е исклучително скапо.

Инаку асаи бобинките ги сака и Викторија Бекам, а тие се наречени „виолетово злато“ затоа што се полни со антиоксиданти. Таа меша бадемово млеко, банана, бобинки и сето тоа го меша со кокосови снегулки и мед.

Тоа на што Меган никако не може да одолее, а не е дел од нејзината секојдневна рутина, секако се компирчињата, еднаш дури кажала и дека тоа за неа е посебна група на храна.

За ручек преферира риба, а понекогаш одлучува да јаде вегетаријански оброци полни со зеленчук. Меган открила и дека додека снимала серии, често на паузите сакала да пие зелен сок во кој има јаболко, кељ, спанаќ, ѓумбир и лимон.

Кога станува збор за вечерата, тогаш на сцена стапуваат забранетите тестенини кои таа ги обожава, а ги подготвува на посебен начин.


Во една прилика кажала дека трикот за совршен вкус е во посебниот сос којшто го прави од тиквички и путер.

Инаку, омиленото јадење на принцот Хари се макарони со сирење, а овој пар сака да ужива и во квалитетните вина, па Меган Маркл во својот блог во кој зборувала за храна го споменала виното „Tignanello“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk