Блејк Лајвли објави први фотографии од трудничкиот стомак за папараците да престанат да ја чекаат пред домот: „Ме плашите мене и моите деца“

Точка

28/09/2022

12:05

5.176

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Блејк Лајвли и актерот Рајан Рејнолдс го очекуваат своето 4-то дете.

Бидејќи јавноста за оваа вест дозна изминатата недела, папараците го опседнале домот на познатиот пар за да ја фотографираат трудницата.

Лајвли токму од таа причина објавила серија фотографии на кои се гледа нејзиниот стомак и им порачала на фотографите да престанат да седат пред нејзината куќа бидејќи ја вознемируваат неа и нејзините деца.

Објавата од 10 фотографии ја прикажува прекрасната актерка како ужива во четвртата бременост со семејството и пријателите.

Познатиот пар води грижа за својата приватност и своите 3 деца ги држи подалеку од очите на јавноста.


Се чини дека Рајан и Блејк се вистински пример за хармоничен брачен пар во Холивуд, а актерката во една прилика изјавила дека цел живот сонувала да има големо семејство.

Парот има 3 ќерки, а како што наведуваат некои извори, сега потајно се надева дека ќе добие момче, но најважно им е детето да е здраво.




Спонзорирани линкови

Маркетинг