Ретко кој може да поверува дека е на прагот на 8-та деценија: Изгледа многу помладо, а еве што е тајната на нејзиниот изглед

Кармин

28/09/2022

09:20

9.748

Големина на фонт

а а а

Славната американска манекенка Кристи Бринкли наполни 68 години, додека нејзиниот изглед не оди во прилог на тој факт бидејќи изгледа многу младолико, а неретко ја споредуваат и со нејзината ќерка.

За многумина, таа е всушност една од најубавите жени на светот.

Манекенката често дели совети за убавина, а неодамна открила што е заслужно за нејзиниот младешки изглед на кои бројни колешки би ѝ позавиделе.

Имено, главните фактори, според нејзините зборови, се квалитетен и добар сон, правилна исхрана, хидратација како и заштита и нега на кожата.

Бринкли ја споделила својата бјути рутина со своите следбеници на Инстаграм.

„Она што го правите секој ден ќе одреди колку ќе бидете здрави и полни со енергија“, вели таа и додава дека е најважно „добро да спиете, да јадете органска храна, да бидете хидрирани и постојано да ја негувате својата кожа“.

„Од вас зависи сè, сè е во ваши раце! Тоа се нештата кои ги правам секој ден за да се чувствувам посилно и кои ме поттикнуваат низ моите напорни денови“, истакнала Кристи.

Својата виталност исто така ја должи и на вегетаријанскиот начин на исхрана, хранејќи се на тој начин уште од 13-годишна возраст. Со години се придржува и до „виножито диетата“ односно диета која препорачува консумација на храна во спектарот на боите на виножитото: сина, зелена, жолта, портокалова...

„Моето цело семејство и јас секојдневно консумираме намирници во боите на виножитото. За ручек јадам зеленчук и правам салата, потоа додавам протеин како грав или јаткасти плодови. Вечерата е речиси иста, освен што можеби го консумирам зеленчукот со тестенини од мешунки, ориз, житарици или киноа“, вели Бринкли.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk