Големиот заводник и фронтмен на легендарната група „187“ денес е уште поголем убавец: Музиката повеќе не го интересира, еве со што се занимава

Точка

27/09/2022

19:13

8.149

Големина на фонт

а а а

Марко Јанковиќ во 90-те бил еден од најпознатите изведувачи на Балканот, а немало жена која не била барем малку заљубена во овој пејач.

Марко Јанковиќ бил голема ѕвезда на групата „187“ која била популарна во 90-тите години. Иако стекнал голема слава, тој целосно се повлекол од јавноста, но и натаму е фатален по женскиот род, судејќи по неговиот денешен изглед, тој редовно вежба, се занимава со она што го сака и изгледа поразлично.

На овој хип-хоп состав на почетокот му помогнал и покојниот Гру, а од тројцата членови најмногу, според мислењето на многу од луѓето, се истакнувал Марко Јанковиќ.

Некогашниот член на групата „187“ не се експонира во медиумите, а и денес припадничките на понежниот пол лудуваат по него.

Иако на оваа група ѝ предвидуваа голем успех, тие одлучиле да се повлечат од сцената и да се посветат на живот далеку од очите на јавноста и камерите.

Се стекнува впечаток дека тоа било целосно оправдано со оглед на тоа што тој многу вложува во својот изглед, редовно вежбање и здрава исхрана, што може да се заклучи врз основа на неговите објави на социјалните мрежи.

Исто така Марко целосно ја сменил својата професија и сега се занимава со дизајн и консалтинг, а во исто време е лајфстајл фотограф, како и креативен директор.

„Музиката ми недостасува. Тоа беше една интересна фаза која ја доживеав на 20 години. Сега сум во друг филм. Клучот на среќата е човек да биде задоволен со себе и да си пронајде работа која го исполнува. Доколку не можете да го направите тоа, тогаш треба да се трудите да го засакате тоа што го работите, додека не се укаже некоја друга можност“, изјавил Марко.




Спонзорирани линкови

Маркетинг