Како изгледале жените во Иран пред 50 години?

Точка

27/09/2022

15:24

3.639

Големина на фонт

а а а

Илјадници луѓе во Иран протестираат поради смртта на 22-годишната Махсе Амини која умрела во притвор. Амини починала откако три дена била во кома по апсењето од иранската полиција за морал, бидејќи несоодветно го носела хиџабот. Жените на улиците на Иран ја кратат косата и палат хиџаби, а бројот на загинати и уапсени секој ден е сè повисок.

Иранките пред Иранската револуција во 1979-та година изгледа и се однесувале како жените на Западот.


Фотографиите настанати во 70-тите година на улиците во Иран од денешна перспектива се речиси неверојатни – девојки и жени се шетале без хиџаб, во здолништа и тоалети и облекувале што сакале. На плажа оделе во дводелни костими за капење.


Царица во костим за капење

За изгледот и однесувањето на жените во Иран пред револуцијата, најдобро сведочат фотографиите од иранската царица Фарах Пахлави, која ја обожувала модата и уметноста и била икона на своето време, сè додека таа и нејзиниот сопруг Мухамед Раза Пахлави не биле протерани од земјата.

Иранската царица носела здолништа, панталони, фустани и сè што сакала и без проблем се фотографирала во костим за капење. Истата мода ја следеле и речиси сите млади жени во Иран. Освен козметика и мода, младите жени во Иран и имале и пристап до образование и биле инволвирани во речиси секој сегмент од тогашното општеството.




Спонзорирани линкови

Маркетинг