Јупитер вечерва ќе биде најблиску до Земјата од 1963 година и тоа нема да се повтори во наредните 107 години

Точка

27/09/2022

15:00

25.777

Големина на фонт

а а а

Според податоците на НАСА, Јупитер вечерва ќе го направи најблиското приближување до Земјата во последните 59 години.

Освен тоа, оваа планета нема да биде волку блиску до Земјата во наредните 107 години.

Најголемата планета во нашиот Сончев систем, гасниот џин ќе биде во опозиција, што значи дека Земјата ќе биде меѓу неа и Сонцето, објаснува Трина Л. Реј, заменик водач на наука за мисијата „Europa Clipper“ во Лабораторијата за млазен погон на НАСА во Пасадена, Калифорнија.

Вселенската агенција првично рече дека Јупитер ќе ѝ се приближи најблиску до Земјата во последните 70 години, но ја поправи својата изјава откако ја откри грешката, изјави портпаролот на НАСА.

Според НАСА, помеѓу Земјата и Јупитер ќе има околу 590,6 милиони километри. Јупитер е оддалечен околу 965,6 милиони километри од нашата матична планета на својата најдалечна позиција, објави вселенската агенција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг