Медведев се заканува со нуклеарно оружје: „Ова сигурно не е блеф“

Точка

27/09/2022

20:33

4.799

Големина на фонт

а а а

Дмитри Медведев, поранешен претседател на Русија и заменик шеф на рускиот Совет за безбедност, повторно споменува нуклеарно оружје.

„Нашите непријатели сакаат да даваат арогантни изјави. Ги користат поимите слобода, демократија и мисија, а тоа е всушност само вербална дијареја. Фонтаните од дијареална демагогија, со злобна реторика, одамна станаа проверено оружје на англосаксонскиот свет со кое го засипуваат остатокот од човештвото во обид да ја одбранат својата исклучителност и правото за владеење со светот“, започнал Медведев во новата објава на својот канал на Телеграм.

Пишувал и за изјавите на западните лидери, како претседателот на САД Џо Бајден и братанската премиерка Лиз Трас, за руските нуклеарни закани.


„Тие бараат Русија да ја тргне раката од нуклеарното копче. Заедно постојано се закануваат со застрашувачки последици ако Русија употреби нуклеарно оружје. А лондонската тетка, млада во умот, е подготвена веднаш да започне размена на нуклеарни удар со нашата земја“, навел тој.

„Повторно морам да потсетам – за оние глувите кои се слушаат само себе – Русија има право да употреби нуклеарно оружје ако е тоа потребно, во однапред одредени случаи“, истакнува Медведев.


Додава дека Русите имаат право да користат нуклеарно оружје ако се тие или нивните сојузници под нуклеарен напад или ако агресија со конвенционално оружје го загрози опстанокот на државата.

„Освен тоа, ќе направиме се да спречиме појава на нуклеарно оружје кај нашите непријателски расположени соседи“, додал Медведев и навел дека тоа се однесува и на Украина.


„Тие разбираат дека ако заканата за Русија ја мине утврдената граница за опасност, ќе мораме да одговориме. Без ничија дозвола, без долги консултации. И тоа дефинитивно не е блеф“, ги повторил зборовите на рускиот лидер Владимир Путин.

Тој тврди дека НАТО не би реагирал ако Русија употреби најстрашно оружје во Украина, бидејќи на Сојузот му се поважни Лондон, Вашингтон и Брисел отколку Украина. „Прекуморските и европските демагози нема да страдаат во нуклеарна апокалипса и поради тоа ќе го проголтаат користењето на било какво оружје во сегашниот судир“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг