Синот на Џони Деп има 20 години и неодоливо потсетува на својот татко – но, за него речиси и да не се зборува во јавноста

Кармин

26/09/2022

08:30

16.947

Големина на фонт

а а а

Џек Деп (20) е второто дете на Ванеса Паради и Џони Деп, и нивни единствен син. Но, јавноста за него не знае речиси ништо.

Неодамна папарацо фотографите го „уловиле“ синот на Џони Деп, Џек, па луѓето биле изненадени од фактот колку ова момче потсетува на својот татко. Меѓутоа, за Џек јавноста речиси ништо не знае.

Додека пак, неговата сестра, ќерката на Џони Деп, Лили Роуз е популарна во светот на шоубизнисот, нејзиниот брат живее како целосен анонимус.


Иако има 20 години, речиси и да не знаеме со што се занимава и каде живее. Многумина шпекулираат дека тој живее во Франција со својата мајка, со која неколку пати бил забележан како шета.

Самиот Џони за него кажал:

„Мојот син Џек отсекогаш бил многу талентиран уметник. Одлично црта, се занимава со музика и има добар слух за неа. Освен училишните претстави и останато, не покажал желба да стане актер“, изјавил Џони.


Вистина е дека Џек го преѕира Холивуд и сè што тој носи. Не може да ја поднесе популарноста и скандалите кои се врзуваат за ликот и делото на неговиот татко, па често се крие од јавноста, а кога ќе види папарацо фотографи често се крие, така што тешко и тие можат да го фотографираат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk