Актерката од серијата „Baywatch“ ја откри тајната на младоликиот изглед: Во 54-та година изгледа исто како во некои други времиња

Кармин

23/09/2022

16:46

5.996

Големина на фонт

а а а

Дона Д'Ерико многумина ја паметат по улогата во серијата „Baywatch“, а неколку децении по нејзиното емитување, актерката изгледа не остарела ниту ден.

Бидејќи нејзиниот изглед привлекува внимание и во шестата деценија од животот, Д'Ерико во интервју за „Fox News“ истакнала дека исхраната базирана на растенија е тајната на нејзиниот младешки изглед.

„Искусив бројни придобивки, како почиста кожа, подобро варење, подобар сон, но тоа не е причината зошто го правам тоа. Го правам тоа заради животните“, рекла таа и нагласила дека најмногу јаде овошје и зеленчук.

„Сакам да складирам зеленчук, овошје, јаткасти плодови и авокадо“.

Таа открила и дека сака редовно да јаде во текот на денот, наместо да консумира три обилни оброци и дека со овој начин на исхрана се чувствува подобро.

Кога станува збор за нега на кожата, таа изјавила дека користењето крема со заштитен фактор е нејзин избор.

„Претходно користев масло за бебиња и се сончав на сонце. Престанав да го правам тоа. Цело време имам крема за сончање, без разлика на сезоната. Ако сакам малку боја, употребувам средство за самопотемнување и хидратантна крема во боја. Сакам да се грижам за мојата кожа најдобро што можам и првото нешто што можам да го направам е да се тргнам од сонце“, вели Дона.

Актерката неодамна беше критикувана затоа што се фотографирала во бикини велејќи дека е премногу стара, но Д'Ерико одговори дека ќе прави што сака.

Инаку, таа глумеше во серијата „Baywatch“ од 1996 до 1998 година. Позираше за насловната страница на магазинот „Плејбој“ во 1995 година. Беше водителка на шоуто „Battlebots“. Некои од филмовите во кои имаше и улоги се: „Intervention“, „Inconceivable“, и „The Making of Plus One“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk