Ако постои едно парче кое нѝ го олеснува преминот од летната на есенска облека, тогаш тоа е секако сакото.
Доброто сако злато вреди – се носи во текот на целата година, во практично секоја прилика и секогаш изгледа скапо и елегантно.
Неопходно е за транзитните временски прилики, кога е можеби претопло за јакна, а премногу студено за да излеземе без неа. Тука на сцена настапува сакото кое одлично се комбинира со летните фустани и здолништа, правејќи ги носливи и во есенските денови.
Од друга страна, одлично одговара и со фармерки, кожни панталони, здолништа од штоф и твид и сите оние парчиња карактеристични за есента. Оваа сезона бидете креативни – сакото одамна не доаѓа само во црна, бела, беж и сива боја. Одберете парче во црвена, зелена, сина, жолта па дури и впечатлива розова боја, како и дезенирано.
Кога станува збор за материјалите, ако сакате да ги следите трендовите, одберете блејзер од еко кожа или твид.
Во продолжение, погледнете како славните дами и трендсетерките го носат и комбинираат познатото сако: