Кој автомобил троши најмногу гориво? „Голта“ еден литар бензин на секои два километри

Точка

23/09/2022

13:17

19.626

Големина на фонт

а а а

Сопствениците на овој модел автомобил од 60-тите и 70-тите години на минатиот век, прикажале неверојатни податоци, а просекот на потрошувачка на 100 км/ч. бил околу 43 литри.

„Chevrolet Camaro“ од 1966 година бил претставен како одговор на популарниот „Ford Mustang“.

Првата генерација на „Camaro“ која се произведувала во САД од 1966 до 1969 година, во себе ги имала сите оние детали по кои еден таков автомобил од 60-тите години на минатиот век е познат, вклучувајќи и раскошна потрошувачка на гориво.


Многумина се шегувале дека со поседување на „Camaro“ треба да се закупи и бензинска станица, но потрошувачката на гориво не била шега.

Базичниот „Camaro“ имал 3.8 литарски мотор со шест цилиндри и 140 KS, со мануeлен менувач со три степени на прeнос, со вграден V8 мотор (SS верзија) со 6.5 литри и 350 KS доаѓаме до фасцинантни бројки.

Сопствениците на овој модел во 60-тите и 70-тите години на минатиот век кажале дека во просек потрошувачката на 10 километри била 43 литри, односно еден литар гориво на малку повеќе од два километри.




Спонзорирани линкови

Маркетинг