(Фото) Потвдено е! Џони Деп е во љубовна романса со адвокатка – но не онаа за која навиваше светот

Кармин

23/09/2022

10:51

9.790

Големина на фонт

а а а

Џони Деп е во врска со Џоел Рич, адвокатката која го застапуваше во Британија на судењето за клевета против таблоидот „The Sun“, потврдено е за странските медиуми.

Џоел Рич моментално е во процес на развод и не е познато кога точно почнала врската со Деп.


Извор близок до парот за странските медиуми потврдил дека во раната фаза на нивната романса, Деп дискретно се сретнувал со адвокатката по хотели, а таа пристигнала во Вирџинија за да го поддржи за време на судењето против Амбер Херд, иако тогаш немала никаква професионала обврска за тоа.


За потсетување, Деп за време на судењето со Амбер го поврзуваа со друга адвокатка, Камила Васкез, која брзо ги демантирала гласините.

„Тоа е сексистички. Жално и разочарувачки, но не можам да ви кажам дека сум многу изненадена“, рече таа тогаш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk